Тетовци се заканувале со нож и од такси возачи краделе пари

такси

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.П.(18) од село Вешала, тетовско, А.И.(17) од село Мерово, тетовско, А.С.(20) од село Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, информира МВР.

Исто така, поднесени се кривични пријани против М.А.(22) од с.Боговиње, тетовско и Д.С.(23) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на местото, со закана со нож, од возачот одзеле пари. Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во друго такси возило и на ист начин и од овој возач одзеле пари и побегнале. Трето и четвртопријавениот на 04.03.2020 на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на бараната локација, со употреба на сила, од возачот одзеле пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот