Тетовчанецот по Морган Фриман, сега во ист филм со Роберт де Ниро (ФOTO)

Пред неколку месеци се појави во холивудски филм со Морган Фриман и Џон Траволта, сега најавува друг многу битен проект.

Станува збор за актерот од Тетово, Блерим Дестани, кој беше дел од филмот “The Poison Rose”.

Актерот со светска слава, потврди дека ќе учествува во уште еден странски филм и се чуствува горд на ова достигнување.

Блерим информирал дека набргу ќе може да го видиме покрај легендарниот Роберт де Ниро и Томи ли Џонс.

– Горд со мојот сегашен филмски проект, работејќи заедно со големите од Холивудот, Роберт де Ниро и Томи ли Џонс – напишал тој на Инстаграм, не давајќи други детали.

Телеграфи јавува дека во филмот станува збор за двајца филмски продуценти, кои му должат на мафијаш, на кого претходно му земале толку пари и ни самите не можеле да замислат колку, така што се обидуваат да се спасат себеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот