Тетоважата „Преживеан од Ковид-19“ хит во Мексико (ВИДЕО)

Во сеќавање на корона-пандемијата, Мексиканецот Оми Дебуа на своите клиенти кои ја прележале корона-заразата, им нуди бесплатна тетоважа што ќе сведочи за тоа, со натпис „COVID-19 SURVIVOR“ („Преживеан од Ковид-19“).

На Оскар Моралес (20) пораката му е истетовирана на раката како потсетник дека несакајќи заразил тројца членови на неговото семејство и сите преживеале.

– На почетокот бев невнимателен… Но, откако добив позитивен тест, се заштитувам максимално. Секогаш носам маска и ги дезинфицирам рацете, вели тој.

Во Мексико, 629.409 лица се заразени со вирусот, а од почетокот на пандемијата, инфекцијата однесе 67.326 животи. Мексико е на осмото место во светот по бројот на заразени со вирусот и на четврто по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот