Тетекс пред згаснување: „Војводи“ организираат акција за спас на клубот

Фото: Војводи Тетово/Фејсбук

Eден од најпознатите македонски клубови ФК Тетекс е во тешка ситуација. Клубот од Тетово кој во овој момент се натпреварува во Втората македонска лига се справува со финансиска криза, а во акцијата за спас сега се вклучија популарните „Војводи“.

Навивачката група на тетовскиот клуб организира акција во која повикуваат да се купуваат карти за спас на клубот. Цената на билетите е симболична и изнесува 100 денари.

Во нивната објава се потенцира дека клубот како никогаш претходно е на работ на бездната, оставен сам на себе да тоне и пропаѓа. Објавена е и жиро сметка за донации.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот