ВИДЕО | Teтекс, Башкими и Вардар Неготино обезбедија место во Втората лига

Денес во македонскиот фудбал се играа баражите за место во Втората лига.
Тетекс, Башкими и Вардар Неготино го обезбедија второлигашкиот статус за сезоната 2023/2024.
Тетовци немаа проблеми и лесно го зачуваа второлигашкиот статус победувајќи ги Осогово со убедливи 6:1. Овој натпревар се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Победата на Тетекс беше најавена кога по нешто повеќе од половина час игра веќе имаа 3:0, погодуваа Салјии, Јусуфи и Стојковски.
Осогово во 66-тата минута намали преку Стоилковски, но до крајот уште по еден гол постигнаа Сајлии и Јусуфи, а во листата на стрелци се запиша и Кировски кој ги постави конечните 6:1.
На натпреварот во Тетово Башкими со 2:0 беше подобар од Влазрими, головите ги постигнаа во првото полувреме.
Вардар Неготино и Новаци на средбата во Кичево одиграа 1:1, па преку пенали место во Втората лига обезбеди тимот од Неготино.