Тестовите на вработените негативни, гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе биде отворен

Постојат големи изгледи гостиварскиот центар за јавно здравје од утре повторно да биде отворен. Конечната одлука треба да ја донесат здравствените власти во текот на денот. Од петокот, превентивно вработените беа во домашна изолација.

Ваквата најава за МИА ја потврдија вработени во центарот, откако стигнале последните резултати на тестовите. Дополнителните тестирања на дваесетината вработени во гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје се покажале како негативни со што се исполнува еден од условите за нивно враќање на работа.

Епидемиолошката служба земањето на брисови ќе го прави во одвоен дел, кој се наоѓа во некогашното одделение за хемодијализа. Вториот пункт се очекува да биде отворен деновиве во објект на здравствениот дом познат како „трудова медицина”.

Работењето на гостиварскиот центар за јавно здравје беше отежнато откако на прв тест, медицински техничар во епидемиолошкото одделение се покажа како позитивен на корона тест. За да се спречи евентуално ширење на вирусот, здравствените власти го затворија, а вработените испратени во домашна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот