Тестовите на градоначланикот на Бутел се негативни на ковид-19

Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, информира дека дека добил негативни резултати на тестовите за Ковид-19.

-Двата теста кои ми беа направени преку брис и преку крв се негативни и не чувствувам никакви симптоми. Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе го почитувам препорачаниот рок за самоизалоција“, напиша Смилевски на фејсбук.

Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот