Тестови за докажување на ковид-19 во „Биотек лабораторија“

промо

„Биотек лабораторија“, како најсовремена специјалистичка лабораторија, за комплетна лабораториска дијагностика, e eдна од првите две приватни лаборатории кои го почнаа ПЦР ковид-тестирањето веднаш на почеток на пандемијата, со овластување на МЗ и ИЈЗ како единствена референтна лабораторија.

Во услови кога бројките на новоинфицирани пациенти со SARS-CoV-2 вирусот секојдневно енормно растат, следејќи ги светските стандарди ширум светот и грижејќи се за здравјето на своите пациенти и со цел заштита на јавното здравје „Биотек лабораторија“ први и единствени воведуваме нова, модерна, најсовремена ПЦР-технологија за детекција на SARS CoV2 вирусот одобрена од Светската здравствена организација (СЗО) и Агенцијата за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA).

Новата Vip COVID анализа се базира на реверзно транскрипциска Real Time PCR (RT-PCR) технологија и овозможува квалитативна детекција на SARS-CoV-2 вирална RNA во назофарингеални и орофарингеални примероци.

Најголемата предност на oвој метод е екстремно краткиот период на обработка на примерокот, каде што преданалитика и аналитика опфаќаат околу 20-30 минути, вклучително со постаналитика до 40-45 минути за издавање на финален резултат.

Притоа, методот се одликува со истата, па и поголема, специфичност (94.7%) и сензитивност (лимит на детекција LoD 2.73 копии/μl) во однос на досега достапните молекуларно дијагностички методи за детекција на SARS-CoV-2, со сензитивност од 10 копии на /μl.

За докажување на специфично присуство на SARS-CoV-2 се таргетираат три генетски секвенци: (1) SARS-CoV-2 специфична секвенца на нуклеокапсидниот ген (N-gene) (2) заедничка конзервирана секвенца за SARS-CoV-2, SARS –CoV и SARS-like bat coronavirus (SARS-like вируси) (3) HBB секвенца за детекција на хуман β-глобински ген, која служи за контрола на квалитетот на примерокот.

Во „Биотек лабораторија“ покрај воведениот новитет за детекција на SARS-CoV2 вирусот се вршат и следниве тестови за испитување на ковид-19:

– Moлекуларна rRT-PCR-Детекција на SARS-CoV-2 (COVID-19) и останати RNA вируси

– Молекуларна rRT-PCR Детекција на SARS-CoV-2 (COVID-19) и останати RNA вируси и Influenza A + Influenza B

– Брз антиген тест за детекција на SARS-CoV-2 изработен со ICHG метода

– VIDAS® SARS-CoV-2 IgMизработен со ELFA/VIDAS метода

– VIDAS® SARS-CoV-2 IgG изработен со ELFA/VIDAS метода

Имате симптоми, но не сте сигурни дали станува збор за ковид-19 или обичен сезонски грип, еден тест од горенаведените е доволен за одговор.

Закажете онлајн на нашата веб-страница www.bioteklab.com.mk или на еден од броевите:
+389 (0)2 5300 898 ; 078/394-829; +389 (0)2 5300 766;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот