Тестирана и втората руска вакцина, ефикасна е иако не создава доживотен имунитет

epa08600540 A handout photo made available by the Russian Direct Investment Fund (RDIF) shows containers with a new two-vector COVID-19 vaccine at Nikolai Gamaleya National Center of Epidemiology and Microbiology in Moscow, Russia, 06 August 2020 (issued 13 August 2020). Russia registered the new called Sputnik V vaccine against coronavirus Sars-Cov-2 and opens the stage of its massive testing. EPA-EFE/RDIF HANDOUT NO RESTRICTIONS, ALLOW TO USE IN SOCIAL NETWORK HANDOUT

Првата фаза од клиничките тестирања на втората руска вакцина против коронавирусот на центарот „Вектор“ се покажа како целосно безбедна, дека стабилно реагира на мутацијата на вирусот и најмалку шест месеци штити од коронавирус.

Директорот на Одделението за зоонотски инфекции и грип при Државниот научен центар за вирологија и беотехнологија „Вектор“ Александар Рижаков истакнува дека оваа вакцина „не создава доживотен имунитет, зошто не прави никакви промени за цел живот“.

Тој прецизира дека вакцината на „Вектор“ нема ограничувања за ревакцинација.

– Моментално можеме да бидеме мирни, а мислам и дека така ќе биде во иднина, зошто оваа вакцина многу стабилно реагира на мутации на вирусот, нагласува Рижаков.

Кога ќе дојде до завршната трета фаза, ќе бидат тестирани најмалку 3.000 доброволци.

Според зборовите на Рижаков, првите резултати од тестирањата на вакцината ќе бидат достапни во наредните неколку месеци во руските и странските научни списанија, пренесува Спутник.

Рижаков, посебно истакнува дека оваа вакцина не влијае на репродукцијата.

– Експериментите кои претходно ги спроведувавме на вакцините развиени на специфични платформи, на пример пептидната вакцина против ебола, покажаа дека вакцината не влијае на репродукцијата, објаснува тој.

Ова е втора по ред руска вакцина против коронавирусот – во август е регистираната првата „Спутник 5“, која ја разви центарот „Гамалеја“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Таа вакцина веќе е во фаза на тестирање на примерок од неколку десетици илјади граѓани на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот