Тестенини без грижа на совест: Шпагети со пиперка, лимон, босилек и пињоли
Пробајте го ова вкусно јадење за брза и здрава опција за ручек со зеленчук. Нискокалорично, обезбедува растителни влакна, витамин Ц и железо.
Потребни состојки:
– 1 лажица маслиново масло
– 1 црвена пиперка, излупена и исечкана на коцки
– 150 г интегрални шпагети
– 2 тиквички (250г), рендани
– 2 чешниња лук, ситно изрендани
– 1 лимон, излупен и исцеден
– 15 г босилек, ситно сецкан
– 25 г пињоли, потпечени(заменете со семки од сончоглед)
– 2 лажици ситно рендан пармезан
Начин на подготовка:
– Загрејте го маслото во голема нелеплива тава. Додадете ја пиперката и гответе 5 минути. Во меѓувреме, варете ги тестенините според интрукциите на пакетчето.
– Додадете ги тиквичките и лукот во пиперката и гответе, мешајќи многу често, 10-15 минути додека тиквичката навистина не омекне.
– Измешајте ја кората од лимон и сокот, босилекот и шпагетите (зачувајте малку вода од тестенините) и измешајте, додавајќи малку од водата за тестенините додека не се премачкаат убаво. Додадете ги пињолите, а потоа ставете со лажица во чинии и послужете ги со пармезан.