Тестаментот на Балашевиќ: Кому ќе му припадне луксузната вила вредна 400.000 евра?

Фото EPA PHOTO/FILES/FEHIM DEMIR

Еден од најпознатите српски кантавтори Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари во 67-та година, а зад себе остави многу песни што никогаш нема да избледат.

Семејството е неутешно од загубата, но деновиве се отвори и прашањето за наследството што тој го оставил зад себе. Ѓорѓе Балашевиќ поседувал неколку недвижности, меѓу кои и луксузна вила на Истра во вредност од 400.000 евра, пишува „Стори.хр“.

Деновиве главна тема е кој ќе го наследи имотот, но како што се наведува, пејачот не оставил тестамент, па по сè изгледа имотот рамноправно ќе го поделат вдовицата Оливера Балашевиќ и нивните деца Јована, Јелена и Алекса.

Според нивни блиски пријатели, семејството Балашевиќ отсекогаш важело за блиска и складна фамилија, живееле скромно и сложно и сосема е веројатно дека на крајот ќе се договорат како да се подели имотот и парите што ќе ги заработат од авторските права на песните што ги остави Ѓорѓе зад себе, меѓу кои се и оние што допрва треба да се објават.

Важно е дека сега Оливера и децата се згрижени и не мора да се плашат за својата егзистенција. Покрај тоа, Оливера е многу способна жена и ако треба да почне да работи за да го издржува семејството, таа нема да се двоуми. Никој од нив не е алчен, секогаш живееле во склад со ситуацијата и кога имале во изобилство и кога одвај преживувале“, вели пријател близок на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот