ТЕСТ: Проверете дали сте депресивни

pixabay

Со овој едноставен тест од 15 прашања, сами можете да проверите дали сте во депресија и дали  некои од симптомите што евентуално ги имате се знак за депресивност.

Депресијата е сè почеста болест на современиот човек без разлика на годините, а често не ја препознаваме, маскирана е со неволност, намален интерес и загриженост.

Со овој едноставен тест ќе откриете дали имате знаци на депресија и дали треба да посетите доктор.

На прашањата одговарајте со „да“ и „не“ запишувајќи ги на лист, а потоа пресметајте ги резултатите и прочитајте ги одговорите.

  1. Дали сте задоволни со својот живот?
  2. Дали сте го намалиле бројот на активности и интересирања?
  3. Се чувствувате ли како животот да не ви е исполнет?
  4. Дали ви е често здодевно?
  5. Дали во поголем дел од денот добро сте расположени?
  6. Се плашите ли нешто лошо да не ви се случи?
  7. Дали сте среќни?
  8. Дали често се чувствувате беспомошно?
  9. Повеќе сакате да останете дома отколку да излезете и да најдете нови активности?
  10. Сметате ли дека вашите проблеми со помнењето се поголеми отколку кај другите?
  11. Сметате ли дека моментно животот ви е убав?
  12. Дали сте се чувствивале безвредно?
  13. Имате ли чувство дека сте полни со енергија без разлика на годините?
  14. Дали сте се чувствувале како да сте во безизлезна ситуација?
  15. Сметате ли дека на другите им е подобро од вас?

УПАТСТВО

Одговорот НЕ на прашањата со број 1, 5, 7, 11 и 13 се бодува со по еден поен.

Одговорот ДА на прашањата 2, 3, 4, 6, 8, 9, 10, 12, 14 и 15 се бодува со по еден поен.

РЕЗУЛТАТИ

0-5 поени – нема симптоми на депресија

6-9 поени – постојат мали знаци кои упатуваат на депресија

10 и повеќе поени – постојат големи знаци на депресија.

Доколку имате шест и над шест поени би било добро да побарате совет од доктор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот