
Тест на личноста: Тоа што прво го гледате на илустрацијата открива како се справувате со промените во животот
Оптичките илузии се интересен метод со кој може да откриете нешто ново за себе. Погледнете ја илустрацијата и запомнете што е првото нешто што ви привлече око. Токму тоа кажува за начинот на кој се справувате со големите промени во животот и како реагирате во стресни ситуации, пишува „Крстарица“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Повеќето луѓе во некои животни ситуации можат драматично да реагираат или да паничат, но постои тој мал број луѓе кои се резервирани и ги контролираат своите емоции во најтешките ситуации. Тие попрво би размислувале за начин да имаат акција наместо драматична реакција.
Погледнете ја илустрацијата и запомнете што прво ви го привлече вниманието: лисица, птица или женско лице.
Лисица
Ако прво ја видовте лисицата, вие сте некој кој ги држи вашите чувства и емоции под контрола. Не сте подложни на импулсивни реакции. Многу сте избалансирани, дури и кога земјата ќе ви се „лизне под нозете“. Кога ќе се случат големи животни промени, останувате смирени и подготвени да се соочите со сите проблеми.
Кога ќе се најдете во ситуација кога иднината ви изгледа неизвесна, вие сте смирени и ја прифаќате реалноста. Животот го поминувате од ден на ден, без големи планови и очекувања. Силни сте и подготвени да се соочите со големите животни предизвици и не дозволувате ништо да ве измести од точката на рамнотежа.
Птица
Ако првото нешто што ви паѓа во очи на илустрацијата е птица, односно птици, вие сте многу емотивна личност и тоа воопшто не го криете. За жал, повеќето ситуации можат да ве вознемират. Често сте загрижени и исплашени за работи кои сè уште не се случиле, а постои голема веројатност дека нема да се случи.
Обидете се да станете свесни за тоа и да работите на ова однесување. Создадете емоционална рамнотежа со техники за релаксација, поминувајте повеќе време во природа со медитација, со луѓе кои ви се допаѓаат, слушајте музика… Најдете начин да го ослободите стресот, но не ги потиснувајте емоциите, туку научете да ги контролирате.
Лице на жена
Вие сте комбинација од првиот и вториот тип на личност. Порано им придававте големо значење на стресните ситуации, па бевте загрижени неколку дена пред тоа да се случи, но и во деновите на голема промена или стресен настан.
Сега умот ви е чист, расположението е избалансирано и речиси и да нема настан кој може да ве стави во состојба на паника. Работевте многу со себе, па до ова дојдовте преку искуство. Обидете се да не се грижите за работи кои се надвор од ваша контрола.
Имате голема моќ да ги насочите емоциите кон добри работи, а кога сте под стрес ви помагаат креативните проекти, медитацијата и јогата.
— pensador (@sakriosamime) January 18, 2024