Тесни резултати на изборите во Израел – утре започнуваат преговорите за нови коалиции

Фото: Профимедиа

Излезните анкети по вторите парламентарни избори во последните пет месеци во Израел покажуваат дека се уште е прерано за да се знае кој ќе биде нов предводник на земјата на Блискиот Исток, објави Би-би-си.

Центристичката Сина и бела алијанса на поранешниот прв човек на армијата Бени Ганц се очекува да освои меѓу 32 и 34 пратенички места, а десничарската партија Ликуд на сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху меѓу 31 и 33 места.

Постои можност одлуката на лидерот на партијата Јисраел Беитеину, Авигдор Лиеберман да биде најважна при формирање на владата.

Претходно, Нетанјаху распиша предвремени избори откако не успеа да формира влада по изборите во април.

Преговорите за формирање на нова коалиции се очекува да започнат веднаш откако ќе бидат познати прелиминарните резултати, утре изутрина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот