Тесла првпат во квартл заработи една милијарда долари

Тесла/ Фото ЕПА

Производителот на електрични автомобили Тесла заработи повеќе од една милијарда долари првпат во еден квартал.

Во вториот квартал од годината, компанијата испорача 201.250 автомобили и покрај недостигот на електронски чипови и проблеми со снабдувањето што го зафатија автомобилскиот сектор од почетокот на годината. Нето добивката на компанијата се зголеми за десетпати во текот на изминатиот квартал на 1,14 милијарди долари. Прометот на Тесла скоро двојно се зголеми на 11,96 милијарди долари.

Сепак, приходите на Тесла од продажба на кредити за јаглерод на други компании почнаа да се намалуваат, достигнувајќи 354 милиони долари во вториот квартал од 518 милиони долари во претходното тримесечје.

Тесла долго време доминираше на пазарот на електрични автомобили, но со појавата на моделите на Фолксваген и Форд, се соочува со зголемена конкуренција. На Тесла сега отпаѓаат 64 проценти од продажбата на електрични возила во САД во вториот квартал, наспроти 71 процент во претходниот квартал и 83 проценти за истиот период минатата година.

По повод резултатите за вториот квартал, првиот човек на Тесла Илон Маск истакна дека ситуацијата со полупроводниците останува сериозна и дека е непознато до кога ќе трае.

– Но, за остатокот од годината, нашиот раст ќе зависи од најмалиот елемент на нашиот синџир на снабдување, посочи Маск.

 

Тесла не се откажува од најавите за зголемување на испораките во просек за 50 проценти годишно за неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот