„Тесла“ купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, вредноста на валутата продолжува да расте

фото Архива

Новината кај инвеститорите во најпознатата и најважна криптовалута во светот беше предизвикана од веста дека компанијата „Тесла” купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Како што е наведено, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

Исто така, „Тесла” најави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.

По оваа објава, како што пренесува Телетрејдер, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 долари, а растот продолжи и потоа.

Биткоинот зајакна за 23,93 проценти за 24 часа и се продаваше за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно американско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот