Тесла ќе гради фабрика во близина на Берлин, инвестиција околу шест милијарди евра

Илон Маск / EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, недалеку од Берлин, објави германската телевизија ЗДФ.

Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ЗДФ во вторникот е точна.

Производството се очекува да започне во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла”, Илон Маск, исто така, планира да започне масовно производство на батериски ќелии во околината на германскиот главен град.

Фабриката треба да произведува нов вид батерија која ќе има шест пати повеќе енергија, ќе зафаќа помалку простор и ќе троши помалку енергија, велат извори од индустријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот