Тешко ранет битолчанец, го застрелал пријателот со кој ловел

Вечра во 10.17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен Ј.К.(35) од село Канино, битолско.

Полициски службеници извршиле разговор со Д.С.(36) од село Бистрица и Р.Ј.(55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на село Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот