Тешко повредено 8-годишно дете кај Шарена Џамија во Тетово

 Во две сообраќајни несреќи кои се случиле на сообраќајниците во тетовско-гостиварскиот крај, вчера потешко се повредени две лица.

Во Тетово, на улицата „Илинденска” во близина на „Шарена џамија” било повредено осумгодишно дете. Според информациите на СВР Тетово, додека поминувало улица, во него удрил автомобил „фолксваген-поло” што го управувал Х. И. од тетовското село Непроштено. Детето набрзо по несреќата било пренесено во Тетовската клиничка болница, каде заради здобиените повреди е здржано на лекување. 

Во сообраќајната несреќа која се случила на регионалниот патен правец Гостивар-Градец, кај селото Зубовце, околу 11 часот била повредена Д. Ј. (18) од Галате. На неа, додека управувала велосипед, налетало возило „фиат-пунто” што го управувал Ф. А. (52) од село Врбјане. Повредената била пренесена во гостиварската Општа болница, каде биле констатирани потешки повреди и е здржана на лекување. На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот