Тешко повредените лица во Нови Сад и понатаму се во критична состојба

Нови Сад железничка станица EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Тројцата тешко повредени лица при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад,  сѐуште се во тешка односно критична општа здравствена состојба, изјави управителот на Ургентниот центар на КЦ „Војводина“, Драган Николиќ.

За жал, повредите се толку обемни, се работи за сериозни политрауми, па пациентите се уште се во тешка општа состојба, рече Николиќ во изјава за медиумите.

Тој додаде дека се врши интензивна дополнителна дијагностика, како и нови хируршки зафати поради дополнително откриените повреди.

Вакви тешки повреди се среќаваат само во воени услови, а ретко во мирнодопски услови, па затоа бара мултидисциплинарен пристап, континуирано следење и континуирана хируршка и нехируршка терапија, рече Николиќ.

Тој додаде дека пациентите не се свесни и се на механички вентилатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот