Тешко повредена жена откако паднала во отворена шахта на гробиштата Камник

Педесетгодишната Г.С. вчера се здобила со тешки повреди откако паднала во отворена шахта на гробиштата Камник, во Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, го пријавил сопругот В.С., кој посочил дека додека со сопругата се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот