Тешко повредена 33 годишна жена пешак

Фото: МИА

Триесет и тригодишна жена пешак од Јегуновце е тешко повредена откако во неа удрило возило „Мерцедес” управувано од 36 годишник на булеварот „Маршал Тито” во Тетово. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот.

-Патничко моторно возило „Мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од тетовски Порој, удрило во 33-годишната И.Ѓ.(пешак) од Јегуновце. Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на декември тетовската полиција бележи и сообраќајна несреќа во која имаше и пешак кој го загуби животот. На 6 декември на патот Тетово-Јажинце, животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше, а 36 – годишен маж од селото Пршовце беше приведен како осомничен за сообраќајката затоа што по настанот заминал од местото. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот