Тешко повредена 19-годишна девојка на патот Скопје-Тетово

Полиција / Фото: МВР

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово кај селото Желино се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ и товарно моторно возило „сканиа“, со тетовски регистарски ознаки, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, патничкото моторно возило „фолксваген голф“ било управувано од Е.К. (19) од селото Требош, а со товарно моторно возило „сканиа“ управувал Љ.Т. (50) од селото Сараќино.

Тешките телесни повреди на Е.К. биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот