Тешко повреден жител на Албанија во сообраќајка кај Кичево
К. С.
Пред
Сообраќајна незгода /Фото: МИА
Во сообраќајката што се случи во петокот вечерта наспроти Кичевската касарна на магистралниот пат Кичево-Гостивар, учествувале две патнички возила „фолксваген-Кеди” со бугарски регистарски ознаки управуван од К.Г.Н.(49) од Бугарија и „ауди” со албански национални ознаки управувано од Р.З.(23) од Албанија.
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира дека во незгодата возачот на аудито Р.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додека возачот на „Фолксвагенот” и сопатникот од истото возило М.В.(51) од Бугарија и сопатникот во „аудито”, О.С. од Албанија, се здобиле со телесни повреди.
Увид на самото место извршиле полициски екипи од ОВР-Кичево а причината за несреќата и висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Вечерва се емитува осмата епизода од поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е соосновачот на „Дата Мастерс“, Филип Петровски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Со Петровски разговараме за подемот на вештачката интелигенција, науката за податоци, актуелната состојба со ИТ секторот во Македонија и многу други интересни теми. Тој ни раскажува за животот …