Тешко повреден велосипедист во Охрид

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Во Охрид доцна синоќа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ и велосипедист. При несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

На 26.11.2019 во 22.10 часот на крстосница од улиците „7-ми Ноември“ и „Егејска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“  со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(51) од село.Велгошти, охридско и велосипед, управуван од С.З.(44) од Охрид.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот