Фото: МИА / илустрација

Тешко повреден велосипедист во Дељадровце

Шеесет и деветгодишен велосипедист е тешко повреден откако бил удрен од „хјундаи“.

„Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Миладиновци – с.Текија, скопско, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од с.Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот