Тешко повреден велосипедист на патот Куманово-Табановце

Фото: МИА / илустрација

Шеснаесетгодишно мочме, велосипедист, вчера се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Куманово.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 16:30 часот на локалниот пат Куманово-село Табановце, кога 57-годишниот Џ.Х управувајќи автомобил „опел вектра” удрил во 16- годишниот велосипедист од Куманово.

Момчето, кое се здобило со тешки телесни повреди, било пренесено во кумановската болница, а потоа и во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот