Тешко повреден рудар од Пробиштип

Фото Архива на СП

Во полициската станица Пробиштип, од ЈЗУ „Нада Михајлова“ вчера било пријавено дека кај нив со тешки тлесни повреди бил донесен М.Д.(27) од Пробиштип.

По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во Добрево.

Увид извршила екипа на Полициската станица Пробиштип и за настанот бил известен Државниот трудов инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот