Тешко повреден работник при поставување на цевковод во Булачани

Фото: МИА

Четириесет и петгодишниот С.Р. од село Идризово, Скопско, се здобил вчера со тешки телесни повреди при извршување работи за поставување цевковод во село Булачани, кај Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 16.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница во Скопје каде бил донесен повредениот работник со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен на самото место, а за настанот бил запознаен Трудов инспектор.

Фото: МИА/Архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот