Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Фото: МИА

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а три лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој се движел со поголема брзина од дозволената, шест возачи  пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и две возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак” подгианти се 82 возила.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот