Тешко повреден пешак во Охрид

Во полиција вчера околу 9.20 часот е пријавено дека на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, возило „фиат“ управувано од Е.А.(23) од скопското село Батинци удрило во пешакот В.Џ.(71) од Скопје.

Во незгодата пешакот здобил тешки повреди, констатирани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот