Тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Ваташа 

Фото: МИА

Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден  во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци” во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.

– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот  пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки” со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Со тешки телесни повреди моторциклистот бил пренесен во комплексот  клиники „Мајка  Тереза” во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот