Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Велес

Фото: МИА

Синоќа во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев” во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ” со велешки регистарски ознаки, управувано од 42 годишниот Љ.С. од Велес и мотоцикл „гилера” управуван од 32 годишниот Д.З.

Како што информира Верољуб Додевски, портпаролот на СВР  Велес, во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

За МИА д-р Весна Неделковска Николова информира дека повредениот е надвор од животна опасност, но се здобил со тешки повреди на глава, скршеници на коски на лице и череп и поради сериозноста на повредите синоќа веднаш по прегледите во велешката болница бил препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.

Потпаролот на СВР Велес, Додевски посочи дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот