Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кичево

Фото: МИА

Четириесет и петгодишниот А.А е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во Кичево. До несреќата дошлот откако А.А управувајќи мотоцикл се удрил со „ауди“ управуван шеесетгодишниот В.П од село Тајмиште.

„На 25.09.2023 во 14.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на крстосница од ул.„Рудничка” и ул.„4 Јули” во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(60) од с.Тајмиште, кичевско и мотоцикл управуван од А.А.(45) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево“, информираат од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот