Тешко повреден кавадарчанец откако со возило излетал од коловоз

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Кавадарчанец се здпбил со тешки телесни повреди откако со возило излетал од коловоз, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 12 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен” со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Бил извршен увид на местото на настанот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот