куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Тешко е повреден 65-годишен работник во кумановска фабрика

65-годишен работник од Куманово вчера тешко се повредил на работното место во фабрика во градот, соопшти МВР.

„На 17.03.2025 во 12:45 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Д.(65) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во Куманово. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот