Тешко е да се освои грен слем титула додека големата тениска тројка сè уште игра

twitter.com/UbiTennisEng

Русинот Данил Медведев смета дека популарната „нова генерација“ тешко ќе освои титула на грен слем турнирите се додека Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер и понатаму играат и се дел од АТП серијата.

Големата тениска тројка заедно има освоено дури 56 грен слем титули, а неверојатно делува податокот дека тие триумфираа на сите грен слем турнири од УС Опен 2016 година па досега.

Еден од тенисерите за кои се очекува да го водат главниот збор по пензионирањето на големата тројка е Русинот Данил Медведев. Русинот имаше интересен одговор на прашањето кој од „новата генерација“ прв ќе освои грен слем титула.

– Се зависи кога ќе продолжи сезоната. Доколку започнеме со Ролан Гарос, тешко дека ќе имаме нов шампион. Не можам да зборувам во името на останатите, но мојот цел е секогаш да го давам максимумот на секој натпревар. За да се освои грен слем титула потребно е да остварите седум победи по ред што е навистина тешко доколку големата тројка сè уште е со нас – вели Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот