Тешко е да бидеш слеп: Босанскиот пејач Халид Бешлиќ искрено зборуваше за неговата мака!

Фото: Драгана Удовичиќ

Босанксиот пејач Халид Бешлиќ ја оперираше катарактата на левото око, па раскажа како му било пред неколку дена кога не гледал скоро ништо, со оглед на тоа дека од пред 10 години нема десно око и од средина на октомври и левото му станало слабовидно.

Докторот ми ја симна мрежата од левото око, која ми создаваше проблеми и ми го нарушуваше квалитетот на животот. Сега одлично гледам. Сега толку добро гледам што не ни морам да носам очила, но тие психолошки ми значат поради десното кое ми настрада во сообраќајна незгода. Со очилата имам чуство дека и тоа око ми е во фукнција. Што се однесува за левото око, дури сега можев да видам колку бев хендикепиран и колку е тешко да бидеш слеп – искрено зборувал Халид.

Бешлиќ кажал дека оваа година прославил 10 години од сообраќајната несреќа која му се случила во близина на  Сараево, во која за влакно избега од смртта, но засекогаш го загуби окото и покрај тоа што докторите се обидувале да му го спасат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот