Тешко до пласман на ЕП: Ракометарките поразени од Чешка

фото: РФМ

Женска та ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за ЕП 2020 со што ги минизира шансите за освојување на едно од првите две места во групата. По поразот на стартот од фаворизираната Шведска, ракометарките овој пат на домашен терен загубија од селекцијата на Чешка со 29:37.

Избраничките на селекторот Симе Симевски одиграа одлично прво полувреме кое заврши без предност, 15:15. На стартот од втророто полувреме се играше израмнет ракомет, се до 42. Минута кога чешките ракометарки дојдоа до предност од 20:24 со што ја најавија победата. До крајот на средбата разликата беше зголемена на конечни 29:37. Ливриниќ со 12 гола беше најдобра во нашите редови, додека  Ѓорѓиевска постигна пет гола.
Следен предизвик за ракометарките е двомечот со Португалија во март идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот