Тешко дека Серија А ќе се врати наскоро, шест члена на Фиорентина позитивни на корона

twitter/Actu Foot

Освен тројца фудбалери, позитивни на ковид-19 се уште тројца вработени во клубот од Фиренца.

Само што започнаа со тренинзите во Италија, Серија А се соочува со огромен проблем. Пред враќање на терен, сите играчи мораа да се тестираат на ковид-19, а лошите вести пристигнаа од Фиренца каде шест члена на Фиорентина се позитивни на коронавирусот.

Ова е втор бран на заболени од корона во Фиорентина бидејќи „виолетовите“ пред месец и половина имаа неколку играчи позитивни на вирусот кој сее страв низ целиот свет.

„Тројца фудбалери и тројца вработени во клубот се позитивни на ковид-19“, објави Фиорентина која не ги објави имињата на заболените.

Пред шест недели беше потврдено дека Патрик Куртоне, Герман Пецела и Душан Влаховиќ како и неколку члена на стручниот штаб се позитивни на ковид-19 и дел од нив беа хоспитализирани, но сите оздравеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот