Тешки зборови од челникот на Ла Лига: Перез е креаторот на Суперлигата

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/ фото: EPA-EFE/ANGEL DIAZ

Новата фудбалска Суперлига треба да стартува од 2022 година.

Лигата во која ќе учествуваат само најголемите и најмоќните европски фудбалски екипи се повеќе станува реалност, а нејзиното формиртање може да им предизвика несогледливи проблеми на Лигата на шампионите, но и на најсилните екипи во Европа кои би останале без добар дел од екипите.

Против формирањето на новата суперлига е и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој оди чекор понатаму во своите обвинувања и вели дека двата шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона заеднички ја истераа приказната за приклучување во Суперлигата.
Тебас тврди дека ваква лига во која ќе играат само одбрани екипи е дамнешна желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тоа е сонот на Перез. Работеше на ова долги години и тоа не е нешто непознато. Но, Суперлигата е голема грешка, тој не разбира какви последици на финансиски пласн може да се случат поради оваа лига – вели Тебас.

Новата лига наводно треба да стартува во 2022 година и во неа би играле 16 или 18 екипи и тоа во двокружен бод систем. Потоа најдобрите осум екипи ќе играат во елиминациите и тоа по принципот на кошаркарската Евролига, односно првопласираната екипа ќе игра против осмата, втората против седмопласираната и ткн…
Целото натпеварување би било финансиски покриено од главниот спонзор, една од најголемите светски банки, „JP Morgan“.

Екипите кои ќе учествуваат во Суперлигата на стартот ќе мора да играат и во домашните првенства, а доколку новата лига за брзо време стане финансиски подобра од матичните лиги, тогаш тие би се посветиле на настапите само во неа.

Венгер: Со Суперлигата сакаат да ја уништат Премиер лигата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот