Тешки обвинувања за Вујо мајсторе: Им земал по 300 евра на ракометарите

Ракометната федерација на Словенија неочекувано одлучи да го отпушти Веселин Вујовиќ на 40-тина денови пред стартот на Европското првенство, а одлуката ја обрасзложија со тоа што дојде до заситување кое можеше да го загрози нивниот успех на ЕП.

Вујовиќ си има своја верзија за отказот, според него тоа е инцидентот кој се случи на тајм аутот на средбата на Загреб ППД кога на својот ракометар му рече „Умри бре, да не те гледам повеќе“.

Според популарниот Вујо Мајсторе, неговиот испад предизвикал бунт кај словенечките репрезентативци кои и поставиле услов на Федерацијата, или Вујовиќ ќе си добие отказ или тие нема да играат на ЕП.

Денеска словенечките медиуми лансираа уште една неверојатна информација, сега веќе поранешниот селектор им земал пари на дел од ракометарите.

„Вујовиќ обожува да игра покер, но играше за забава. Секој кој што сакаше да игра со него мораше да плати 300 евра, вклучувајќи ги играчите кои беа омилени кај него. Тие кои не беа омилени ги „решаваше“ со своите контроверзни тренерски техники на тренинзите и на натпреварите како што беше случајот со Алекс Влах. Играњето на покетр често се случуваше и на подготовките на словенечката репрезентација“, пишува nova24tv.si.

Словенците по отказот на Вујовиќ, се уште немаат селектор, а најчесто се споменуваат имињата на Хуан Карлос Пастор, Талант Душебаев, Бранко Тамше, Алфред Гисласон и Урош Зорман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот