5 C
Скопје

Тешки денови за Џејми Фокс: Почина помалата сестра на актерот на 36 годишна возраст

Актерот Џејми Фокс во моментов ги минува своите најтешки денови во незамислива тага откако почина неговата помлада сестра, 36-годишната ДеОндра Диксон со која беше многу близок.

И покрај големата тага холивудскиот актер Џејми Фокс најде сила и им се обрати фановите преку својот Инстаграм профил. Тој рече дека е уништен од загубата на неговата помлада сестра со која имал исклучителна врска.

Фото:Инстаграм

„Мојата внимателна и сакана сестра ДеОндра нè напушти. И покрај тоа што нè напушти, таа ќе живее вечно во моето срце и во моите спомени. Секој што имал можност да ја запознае мојата драга сестра знае колку била весела и дека таа беше светлото на нашето семејство“, го започна својот емотивен пост Фокс со црно-бела фотографија на која е прегрнат со својата сестра.

Прочитајте и...  ФОТО I Била сопруга на неговиот најдобар пријател: Принцот Чарлс покрај Камила и Дијана имал уште една голема љубов

Магазинот „Пипл“ пишува дека ДеОндра почина на 36-годишна возраст пред една недела. ДеОндра е ќерка на мајката на Џејми, Луис Анет и нејзиниот втор сопруг Џорџи и е родена со Даунов синдром.

Фото:Инстаграм

„Не можам ни да ти опишам како се чувствувам сега. Имавме толку многу прекрасни спомени, моменти и собири заедно во оваа куќа. Таа секогаш беше кралица на подиумот и нè развеселуваше сите со својот танц. Убеден сум дека таа сега е во рајот и танцува со ангели. Насмевката ми се враќа само кога ќе се сетам на сите тие одлични спомени. Нејзиниот танц на доделувањето на Греми наградите, лизгањето низ оградата во куќата, секогаш распеана и подготвена за танцување“, рече славниот актер и го продолжи своето писмо до својата сестра:

Прочитајте и...  ФОТО: Џастин Тимберлејк и посвети на сопругата Џесика Бил ретка јавна порака за нејзиниот посебен ден

„ДеОндра, ти остави голема празнина во моето срце … но јас ќе ја наполнам со сите спомени што ми ги даде … Те сакам … семејството е скршено, но ние ќе ги вратиме парчињата заедно со вашата љубов … и ве молам, придружи се на моето семејство со молитва…“

Фото:Инстаграм

Славниот 52-годишен актер од Тексас секогаш имал голема почит кон својата помлада сестра, тој често го поминувал време со неа, а ја носел и на црвениот тепих неколку пати. Во една прилика, тој истакна дека на никој во семејството не му пречело што е родена со Даунов синдром.

„Од првиот ден сите бевме вљубени во неа, таа беше слатка чоколадна кнедла“, рече тој во тоа време.

Прочитајте и...  Јапонски милијардер бара осум луѓе за бесплатна експедиција на Месечината

Поврзани вести

ФОТО: Емили Ратајковски позира гола во 36-та недела во бременоста

Слободен печат

ФОТО: Џастин Тимберлејк и посвети на сопругата Џесика Бил ретка јавна порака за нејзиниот посебен ден

Слободен печат

ФОТО | Фризер ја посрамоти Ким Кардашијан, но таа му возврати: „Те мразам. Ме исцрпи“

Слободен печат

ФОТО: Таа е сон на милиони мажи, а на жените може да им биде пример кога станува збор за облекувањето

Слободен печат

Зошто секогаш треба да ја загреете рерната пред употреба?

Слободен печат

Судот одлучи: Бившиот на Софија Вергара не смее да ги користи нивните замрзнати ембриони

Слободен печат

Остави Коментар