Тешки 15 часа ќе треба да издржи Хоти во вторник, го чекаат пет интерпелации

По барање на движењето Самоопределување претседателството на Собранието на Косово донесе одлука за одржување на седница во вторник, на која ќе има три интерпелации на премиерот на Косово Авдулах Хоти.

„Имавме состанок на претседателството, го разгледавме писмото со пет интерпелации што ги побараа пратениците. Премиерот предложи тие да се одржат на ист датум. Се согласивме дека бидејќи ќе траат без пауза, 15 часа и нема да бидат во истиот час, да закажеме три интерпелации во вторник, додека другите две ќе бидат закажани за следните денови“, рече претседателката на собранието, Вјоса Османи.

Таа исто така ги објави и деталите за трите интерпелации.

„Една за меѓународни организации, една за мини шенген и друга што ќе има врска со позицијата за заедницата на општини, овие ќе бидат адресирани во вторник“, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот