Тешка сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола, петмина повредени во судир на „Ситроен“ и трактор

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Тешка сообраќајка се случила вчера на патот Битола-Ресен кај месноста „Сопотски Ливади“, а во несреќата се повредени петмина луѓе, соопшти МВР.

Во сообраќајната несреќа учествувал автомобил „Ситроен”, управуван од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539″, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од ресенското село Подмочани.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола“, се вели во полициското соопштение.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот