Тешка сообраќајка во Топанско Поле, повредени четири лица

Четири лица се повредени, од кои две потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот во Топанско поле.
„На 25.09.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“, управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и неговата сопатничка К.Б.(64) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и нејзината сопатничка К.С.(47) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.