Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – ХЕЦ „Козјак“: Загина 23-годишно момче, неколкумина повредени

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Во сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ загина 23-годишно момче од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобиле две лица од кои едното малолетно. Неколкумина сопатници се здобиле со телесни повреди.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), сообраќајната несреќа се случила вчеравечер меѓу патничко моторно возило „опел корса” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (23) од Скопје, патничко моторно возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К. (30) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К. (43) од Скопје.

– На местото на незгодата починал возачот М.М., а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел корса” Б.С. (24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото „форд фокус”. Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К. (31) и двајца малолетници, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот