10.8 C
Скопје

Тешка сообраќајка: Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени

Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото, со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „хундаи акцент” со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар