ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СЛОВЕНИЈА: Камион падна од надвозник откако се судри со автомобил, возачот не преживеа (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Klip

На обиколницата околку главниот град на Словенија се случи тешка сообраќајна несреќа, во која камион падна од 20 метри висина, а возачот загина.

Несреќата се случи откако возач на возилото „опел корса“ загуби контрола и се судри со приколката на камионот. Од силината на ударот, камионот првенствено се удри во заштитната ограда, а потоа падна од мостот кој е на висина од 20 метри.

Возачот на камионот (53) од Унгарија загинал на местото на настанот поради тешки повреди, додека возачот на автомобилот поминал без повреди.

Забележана е и потешка материјална штета, но камионот не пренесувал опасни материи. Уште еден автомобил е оштетен во сообраќајната несреќа.

Сообраќајот на оваа делница бил прекинат поради увид во состојбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот