Тешка сообраќајка во Скопје, повредени три лица

Фото: Слободен печат/Архива

Вчера  во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа сандеро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, во која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „дачиа сандеро“ А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот